понеделник, 17. јуни 2019. Вести денес: 19
home Познати

Познатиот актер ги собра осумте деца на едно место (ФОТО)

Познатиот актер ги собра осумте деца на едно место (ФОТО)

Славниот актер Клинт Иствуд (88) успеа да го направи невозможното и ги собра сите свои осум деца на едно место. Повод за тоа беше премиерата на неговиот нов филм „Шверцерите“ во Лос Анџелес во понеделникот вечерта.

Актерот се појави со целиот свој достоинствен сјај на црвениот тепих во друштво на сите свои наследници, за да ги овековечи во еден прекрасен кадар сите свои чеда – композиторот и актер Кајл (50 години), актерот Скот Иствуд (32 г), Кимберли Лин (54 г.) и Кетрин (30 г.) од неговата врска со актерката Роксан Тунис (мајка исто на Кајл, Скот и Алисон), Франческа (25 години) – плод на неговиот однос со уште една филмска ѕвезда – Френсис Фишер и Морган (21 г.)
од бракот со новинарката Дина Руиз.

Изненадување за сите беше присуството и на најголемото од неговите деца – 68-годишната Лори која Иствуд ја дава за посвојување, уште пред да се прослави.

Едвај неодамна таа беше официјално призната како негова законска ќерка.

Осумте деца на Клинт Иствуд се од шест различни жени, при што само две имаат чест да бидатнегови сопруги. Најпознатиот наследник, моделот и актер Скот Иствуд, е едно од двете деца, коиактерот ги има од стјуардесата Жаклин Ривс.

Со нив таа го дарува за време на нивната тајна афера,која траеше неколку години. Тие имаат врска во периодот кога Клинт е во врска со Сондра Локи, закоја денеска се дозна дека починала пред еден месец.

Иствуд го признава постоењето на двете деца, кои тој ги признава официјално доста подоцна, дури во 2002 година. Друго од децата на Клинт Иствуд дури учествува во предметниот филм и тоа е 46- годишната ќерка Алисон, која исто така е актерка.

Холивудската легенда, исто така, уживаше во присуството на неговата 24-годишна внука, Грајлен, која, освен како актерка, исто така се појави како сценарист. Другите дами, кои го следеа актерот, беа неговата прва сопруга, Меги Џонсон и нејзината долгогодишна партнерка, Кристина Сандера.