сабота, 1. октомври 2022. Вести денес: 28
home Познати

Познатиот актер е 38 години постар од сопругата: Изгледаат одлично, но ги разлутуваат критичарите (ФОТО)

Со својот изглед предизвикаа позитивни коментари од модните критичари, но она за што секогаш најгласно се зборува по нивните заеднички појавувања е големата разлика во годините.
Познатиот актер е 38 години постар од сопругата: Изгледаат одлично, но ги разлутуваат критичарите (ФОТО)

Успехот во актерството на Патрик Стјуард е надалеку познат, баш како и неговиот љубовен живот.

Зад себе има два брака од медиумите наречени “бродоломи“.

Во 2013-та година склопи брак со 38 години помладата Сани Озел и со својот избор шокираше многумина.

Синоќа на доделувањето на БАФТА наградите тој се појави во придружба на 39-годишната избраничка.

Сани која исто така е актерка носеше едноставна тоалета и изгледаше прекрасно. Црната боја синоќа значеше поддршка за борбата против злоставување на жените.

Патрик во тегет костум со црна вратоврска изгледаше навистина елегантно.

Со својот изглед предизвикаа позитивни коментари од модните критичари, но она за што секогаш најгласно се зборува по нивните заеднички појавувања е големата разлика во годините.

Критичарите велат дека не ја признаваат изреката „Љубовта не прашува за години“. Тие велат дека генерацискиот јаз меѓу сопружниците е огромен и недопустлив.

Дури предвидуваат и брз развод. Оваа претпоставка ја базираат на тоа дека минатите два брака на актерот траеа по 3-4 години, но како најголема причина овој пар да се раздели ја наведуваат “нездравата“ разлика во годините.

Најнови вести

Коронавирус