недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 76
home Познати

Познатата српска пејачка „се пали“ на криминалци, па призна дека и се допаѓа Кристијан: „Со години бев љубовница…“

Познатата српска пејачка „се пали“ на криминалци, па призна дека и се допаѓа Кристијан: „Со години бев љубовница…“

Пејачката Злата Петровиќ вели дека Кристијан Голубовиќ е одлично момче според неа неа и дека го гледа реалното шоу „Задруга“ исклучиво поради него. Таа објаснува дека не и пречи неговото криминално минато, како и фактот дека тој поминал половина живот по затвори.

„Тој е супер добар во реалното шоу и секој збор му е на место! Нека мисли кој што сака, но тој е навистина добро момче според мене! Прва лига! Научил многу за животот додека бил во затвор, не губел време. Тој има тешка судбина, но го избра својот пат. Интересно ми е да го слушам кога зборува и го гледам реалното шоу најмногу поради него“ – вели фолкерката. Злата додава дека особено го цени фактот што Голубовиќ е толку посветен на својата сопруга Ивана.

„Гледам дека Кристијан многу ја почитува својата сопруга. Внимава да не ја изгуби заради реалното шоу и добро размислува пред да направи било каков чекор. Не велам дека тој е ‘цвеќе за мисрисање’, впрочем и јас не сум светица!

Бев љубовница со години и тоа јавно го признав. Јас сум жена од крв и месо, не сум програмиран робот што не може да погреши“ – вели пејачката.

Коронавирус