вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 24
home Познати

Познатата пејачка не се нашминкала три години, ова е причината (ФОТО)

Познатата пејачка не се нашминкала три години, ова е причината (ФОТО)

Алиша Кис не се нашминкатла веќе три години. Пејачката во 2016-тагодина објавила дека повеќе нема „да носи“ шминка,како приватно така ниту на настани на кои ја следат милиони луѓе ширум светот.

Шминка немала ниту на доделувањето на Греми наградите кои ги водела овој викенд, а мејк-апот воопшто не и недстасувал.

Се’ започнало кога пејачката работела на албумот „Here“, а на првите фотографии без шминка ја наговорила фотографката која во тоа време работела со неа.

„Дојдов од теретана, имав шал на главата и капа и дојдов на состанок со фотографката која ми рече дека сака веднаш да ме фотографира. Музиката на мојот албум беше искрена и опојна, а сакав такви да бидат и фотографиите“, рекла пејачката.

„Во еден момент почнав да се чувствувам како да не сум доволно добра за светот. Секој пат кога излегував од дома без шминка бев загрижена бидејќи немам шминка, поради обожавателите кои можеби ќе посакаат да се сликаат со мене. Не сакав повеќе да се кријам. Ниту своето лице, ниту емоциите, ниту умот…Ништо“, рекла Алиша.

Неколку пати нагласила дека нема ништо против шминката и жените кои ја користат и дека секој треба да го прави тоа што го радува, но дека неа едноставно шминкањето премногу ја оптоварувало.

Коронавирус