вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 61
home Познати

Познатата македонска водителка денеска по втор пат стана мајка

Познатата македонска водителка денеска по втор пат стана мајка

Познатата македонска водителка, Милена Антовска-Станковска денеска по вторпат стана мајка. Таа роди девојче, кое го доби името Јоана.

Милена на свет ја донесе ќерката на убавиот празник Василица, а само ден претходно, вчера, убавата водителка го прослави својот роденден.

Милена и нејзиниот сопруг Гордан првпат станаа родители пред четири години, кога ја добија ќерката Лана Марија.

Милена вчера го прослави својот 35-ти роденден, па на социјалните мрежи објави дека нема да прави голема забава, бидејќи во секој момент очекува да се породи.

Милена се породила на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Коронавирус