четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 0
home Познати

Познатата актерка се опоравува од тешката операција: Ги сподели најинтимните детали

Познатата актерка се опоравува од тешката операција: Ги сподели најинтимните детали

Познатата актерка на многу комедии, Ејми Шумер, се опоравува по операцијата на ендометриоза, а сега сподели како се чувствува на социјалните мрежи со фановите.

На актерката и беше дијагностицирана ендометриоза, нарушување кое претставува присуство на ткиво на слузницата на матката (ендометриум), Емили мораше да се подложи на операција за отстранување на матката и слепото црево.

Таа сега детално опиша на Инстаграм како изгледа оваа операција.

– Лекарот откри дури 30 делови од ендометриоза, кои ги отстрани. Покрај матката, ми го отстрани и слепото црево, бидејќи ендометриозата го „нападна“. Имаше многу, многу крв во мојата матка и се уште ме боли , напиша таа во описот на сликата на Инстаграм.

На актерката и беше дијагностицирана и аденомиоза, гинеколошко пореметување и Лајмска болест.

Ејми отворено зборуваше за нејзините интимни проблеми и проблеми со плодноста.

Актерката има син, Генин, кого го роди во мај 2019 година. Таа и нејзиниот сопруг Кирш Фишер се обидоа да добијат уште едно дете, но тоа беше неуспешно. За жал, поради сите дијагнози и компликации, таа нема да може да го добие второто дете за кое сонувала, поради отстранетата матка.

Таа размислуваше и за опцијата на сурогат мајката, но она што го посочи – е дека нејзиното здравје е најважно и дека сега оставила се зад себе.

Најнови вести

Локални избори 2021