среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 178
home Познати

Познатата актерка Џоан Колинс прими вакцина против Ковид-19, па откри како се чувствува

Познатата актерка Џоан Колинс прими вакцина против Ковид-19, па откри како се чувствува

Актерката Џоан Колинс, на која се сеќаваме по улогата на Алексис Колби во серијата „Династија“, откри дека се вакцинирала против Ковид-19.

Имено, таа се огласи на Инстаграм профилот и наведе дека ја примила британската, оксфордска вакцина Астрозенека во Оксфордската универзитетска болница.

Џоан имено гостуваше во Утринската програма на една телевизија во Велика Британија и објасни дека луѓето навистина не треба да се грижат поради вакцинирањето.

Само сакам да им кажам на сите кои се грижат дека нема причина за грижа. Тоа беше најлесната работа. Тоа е мала гребнатина и не боли воопшто. Немав несакани ефекти. Се чувствував добро и си заминав дома“, изјави актерката.

Извор: Убавина и здравје

Коронавирус