Актерката Натали Портман на манифестацијата „Женски марш“ во Лос Анџелес раскажа дека кога била тинејџерка се чувствувала буквално како предмет. Поради тоа размислувала какви улоги ќе и бидат доделени и како тоа ќе биде сфатено од јавноста.
-Имав само 13 години кога дома ми пристигна едно писмо и бев нетрпелива да го отворам. Пишуваше дека е писмо од мој фан и мислев дека ми пишале нешто убаво. Содржината на писмото беше раскажување од некој кој фантазира да ме силува, рече Портман.
Таа зборуваше и за уште нешто ужасно. Кога ја добила првата улога и кога веќе станала популарна по филмот „Леон“, локалната радио станица јавно одбројувала кога Натали ќе наполни 18 години за веќе да биде легално некој да има секс со неа.
loading...