сабота, 15. јуни 2019. Вести денес: 83
home Познати

Познат водител откри какви пораки добивал од Меган Маркл

Познат водител откри какви пораки добивал од Меган Маркл

Британски водител и колимнист во својата последна колумна откри какви пораки добивал од Меган Маркл.

„Се започна во есен 2015 година кога одлучив на Твитер да заследам 4 американски ѕвезди меѓу кои и Меган Маркл. По неколку минути ми стигна порака од неа.

Поздрав, благодарам што ме заследивте, јас сум ваш фан“. И одговорив и следните неколку месеци редовно се допишувавме„ започнува колумната.

Тој откри дека си пишувале за разни теми, дури Меган му праќала и епизоди пред да бидат емитувани, па заедно ги коментирале.

Таа му се јавила дека е во Лондон и му предоложила да се видат.

„И предложив да се најдеме во мојот паб, кој се наоѓа во близина на сегашниот нејзин дом“.

Пред тоа му јавила дека го поздравува Серена Вилијамс поради која дошла во Лондон.

„Пристигнав во пабот и заедно поминавме 90 минути пред да влезам во такси и да заминам во ресторнот каде се наоѓа моите пријатели. Отворено зборувавме за нејзиното семејство, ми кажа дека некои чувствителни работи никогаш  нема да ги повтори. Ме праша за совет за кариера и за медиумите и ме праша дали може да дојде во „Good morning“. Додека бев во таксито ми прати неколку пораки на кои ми се заблагодари и ми пиша дека се радува на нашата следна средба. Дури објави твит дека и е драго што се нашла со „пријател“  пишува колумнистот.

После тоа Меган престанала да му се јавува.

Визтина.мк

Најнови вести