среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 37
home Познати

Познат пејач на „Ѕвездите на Гранд“ ја удрил својата девојка, завршил во притвор (ФОТО)

Познат пејач на „Ѕвездите на Гранд“ ја удрил својата девојка, завршил во притвор (ФОТО)

Познатиот српски пејач, Слоба Васиќ наводно е приведен откако во средата вечерта ја удрил својата девојка пишуваат тамошните медиуми.

Како што пренесуваат српските медиуми наводно инцидентот се случил во еден локал во Нови Сад, каде Васиќ бил со девојката и пријателите за прослава на денот на трудот.

-Се набрзина се случи, Слоба, неговата девојка и нејзиниот брат дојдоа заедно и беа одлично расположени. Пејачот малку повеќе се напил, се разви некој муабет и одеднаш атмосверата стана напната. Започна жестока расправа помеѓу Слоба и братот на нејзината девојка, наводно дошло и до кошкање, девојката во еден момент вриснала и застанала меѓу нив. Тогаш наводно Слоба ја удрил девојката, кога сватил што направил не сакал да чека и веднаш самиот повикал полиција, открива извор за српските медиуми кој што бил за време на инцидентот.

Девојката на пејачот на полицијата му рекла дека тој ја удрил, а полицијата со лисици го спровела во станица. Слоба наводно не се ни противел и признал дека ја удрил.

Коронавирус