петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 148
home Познати

Познат македонски ди-џеј почина од коронавирус

Познат македонски ди-џеј почина од коронавирус

Уште еден медиумски работник почина како последица на компликации од коронавирусот во нашата земја. Станува збор за познатиот ди-џеј Ицко, кој  долги години работеше во „Антена 5“ радио, објави Слободен печат.

Неговите колеги, пријатели и соработници уште рано утрово започнаа да споделуваат фотографии со познатиот диџеј, преку кои жалат за прерано згаснатиот живот.

Како што пишуваат одредени медиуми, Ицко веќе подолго време бил хоспитализиран, но за жал не успеа да ја добие битката со вирусот.

Тој ќе остане запаметен како еден од луѓето кој допринесе за развој на македонската електронска сцена.

Коронавирус