недела, 23. септември 2018. Вести денес: 62
home Познати

Пожарникар со досега непознати детали за смртта на принцезата Дајана: Очекував да преживее

Пожарникар со досега непознати детали за смртта на принцезата Дајана: Очекував да преживее

Поминаа 20 години од трагичната смрт на принцезата Дајана во сообраќајна несреќа во Париз. Во своето прво интервју од тогаш, пожарникарот, кој се обиде да ѝ го спаси животот на принцезата, открива непознати детали во врска со нејзината смрт.

Хавиер Гурмелон, кој 22 години работеше во противпожарна служба, реши да одговара на прашања за смртта на принцезата Дијана за британскиот таблоид „The Sun“, бидејќи, како што вели, сега е во пензија и нема што да крие.

Тој се потсети на тоа, како на неговиот тим му беа потребни три минути да стигнат до тунелот Pont de l’ Alma, каде се случи сообраќајката. Неговиот тим од десет членови излезе на терен и веднаш се фрли на работи, со цел набргу да утврдат дали некому му е потребна помош и дали некој сѐ уште е жив.

Меѓутоа, тогаш тие не знаеја дека во колата се наоѓа принцезата Дајана.

Како што се сеќава Гурмелон, кога стигна до мерцедесот, жената, која се наоѓала во колата го прашала: „О Боже, што се случи?“.

На нејзиното десно раме тој забележал мала повреда. Покрај тоа, вели дека на нејзиното тело немало воопшто крв.

„Жената, за која подоцна дознав дека била принцезата Дајана, се наоѓаше долу на подот. Се движеше многу бавно и можев јасно да забележам дека е жива“, рече Гурмелон за „The Sun“.

Тој додаде дека принцезата ја држел за рака, откако ја смирил, па ѝ дал кислород. Потоа вели дека успеал да ја извлече од уништениот автомобил и таа во тие моменти прекинала да дише.

„Се обидов да извршам реанимација. Го масирав нејзиното срце и после неколку секунди таа почна да дише“, истакна Гурмелон.

За него, во тој момент, ова претставуваше големо олеснување, бидејќи како што вели, неговата работа се состои од тоа да спасува туѓи животи.

„Искрено, верував дека ќе преживее. Како што дознав, таа беше во болница, беше жива и очекував да преживее. Меѓутоа, подоцна дознав дека починала во болницата“, рече пожарникарот.

Во моментот кога принцезата Дајана беше сместена во амбулантната кола, Гурмелон всушност дознава од болничар дека станува збор за неа.

„Целата таа епизода ми е постојано во мислите. Сеќавањата на таа ноќ, ќе останат засекогаш во мене“, рече Хавиер Гурмелон, во своето прво интервју после смртта на принцезата Дајана.

Ова е првпат тој да зборува за медиумите, бидејќи, според службената должност, не му беше дозволено да зборува за тој настан.