петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 93
home Познати

Повторно на ТВ екраните: Лила откри кога започнува новата сезона на „Се или нешто“

Повторно на ТВ екраните: Лила откри кога започнува новата сезона на „Се или нешто“

Пандемијата со коронавирусот не само што ни наметна една нова нормалност, туку и го промени нашите навики, активности, односно нашето секојдневие.

Токму поради Ковид 19 беа стопирани и снимањата на еден од најпопуларните квизови кај нас „Се или нешто“.

Водителката Лила Филиповска имаше продолжен одмор, па таа го искористи времето да прави работи за кои кажа дека немала време да ги прави.

Меѓутоа, неодамна по долгиот одмор и непредвидливата пауза, Лила се врати во студио и на снимањата на „Се или нешто“.

Новата сезона се снима во полн ек, а еден од следбениците ја праша Филиповска кога започнуваат со емитување новите емисии.

„Значи…Официјално стартот на „Се или нешто“ е утрееее во 18ч. Ветувам одлична забавааааа. Гледајте не на ТВ сител“, напиша водителката.

Вечерва започнува новото продолжение на квизот, а дали некој ќе има среќа и ќе го освои милионот останува да видиме.

Коронавирус