вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 111
home Познати

Потресна исповест на Карлеуша по погребот на љубениот на Бекута: Ана имаше се што мене од секогаш ми недостасувало во животот… (ФОТО)

Потресна исповест на Карлеуша по погребот на љубениот на Бекута: Ана имаше се што мене од секогаш ми недостасувало во животот… (ФОТО)

Јелена Карлеуша објави подолга порака на стори на Инстаграм, посветена на Ана Бекута и Милутин Мркоњиќ, кој беше погребан вчера во Алејата на заслужни граѓани на Новите гробишта во Белград.

„Во овој живот полн со борби, лоши луѓе и намери, малкумина направија да не се чувствувам сама. На прстите од едната рака можам да ги набројам моите пријатели. Можеби сум виновна за тоа, бидејќи сум, како што велат, чудна. Но, кој не би бил на мое место таков, со текот на времето се крева висок одбрамбен ѕид…“ – започна Јелена.

„Тој ѕид со леснотија го премина Ана Бекута. Жената со која многу многу се поврзав, бидејќи беше тука и во добро и зло, како вистински пријател. Со чисто срце. Во нејзиниот глас, паметни зборови, поддршка, често ја слушав мојата Дивна. Благодарна сум ѝ што постои и тажна сум што сега ѝ е тешко“ – продолжи Карлеуша.

„Ме запозна со Мрка, беа толку среќни, заљубени до последниот ден како тинејџери, постојано се држеа за раце, заедно ми ѕвонеа да коментираме и да се смееме… Тој секаде одеше со неа, ја поддржуваше во сè, штитеше и гледаше со гордост. Бев воодушевена гледајќи ги, бидејќи во мојот живот тоа секогаш недостасувало. Беше горд на неа и таа на него.

И затоа во овие тешки моменти, утешните зборови може да бидат дека голема работа е да се доживее таква љубов, пријател и сопатник. Некои ја повикуваат цел век, а ја немаат таа среќа… П.С. Знам дека Мрка сега би искоментирал нешто смешно и би ја насмеал Ана од срце, како што секогаш се смееше покрај него.

Ние две планиравме да му отвориме Инстаграм профил кога ќе излезе од болница и првата фотографија да биде како тој го покажува средниот прст на сите кои „славеа“ што не му е добро. Тоа го смислив јас, а не Ана, таа само се смееше на моите луди планови… Сега кога ќе размислам, тоа е потполно непотребна идеја Ана. Тој тоа им го покажа многупати во текот на животот со своите дела, лик, став и хуманост. Таквите како Мрка оставаат трага, на овие другите никој не се сеќава…. Времето не остава ниту една приказна недовршена“ – заврши Јелена.

Коронавирус