петок, 4. декември 2020. Вести денес: 38
home Познати

ПОТРЕСНА ИСПОВЕД НА МИЛИЌ: 20 години чекам да ми кажат дека ќерка ми умрела!

ПОТРЕСНА ИСПОВЕД НА МИЛИЌ: 20 години чекам да ми кажат дека ќерка ми умрела!

„Бев спремен. Се и сешто правев, излегов од тоа, а моето дете не“, низ солзи раскажува Милиќ Вуксановиќ кој едвај преживува по погребот на ќерката Маја Авдибеговиќ, која почина минатата недела во Сараево на 35-годишна возраст.

Иако нејзината смрт беше ненадејна, рокерот признава дека веста дека останал без својата единица одамна ја очекувал и бил подготвен.

-Таа после војната почна да се дрогира. Тоа трае веќе две децении. Страшни работи преживеа. Секогаш кога ќе ми заѕвонеше телефонот, јас мислев дека ќе ми кажат дека ја нема повеќе. Веќе 20 години чекам да ми се јават и да ми кажат дека умрела. Јас бев спремен. Таа не можеше да ја победи зависноста. Јас правев се во животот, но се извлеков од тоа. Мојата ќерка не можеше, истакна тој.

Тој открива дека се правел за да ја излекува својата ќерка од дрогата и да продолжи да живее нормално, но сите обиди биле залудни.

Коронавирус