четврток, 6. мај 2021. Вести денес: 194
home Познати

Последните секунди од животот на пејачката снимени со камера: Настрадала во сообраќајка, а целиот ужас снимен со телефон (ВИДЕО)

Последните секунди од животот на пејачката снимени со камера: Настрадала во сообраќајка, а целиот ужас снимен со телефон (ВИДЕО)

Лиза Никол Лопес, попозната по уметничкото име „Left eye“, беше американска раперка која почина во 2002 година. Таа го напушти светот на 30-годишна возраст, поради повреди на главата и вратот, здобиени во сообраќајна несреќа. Таа снимаше документарен филм за нејзиниот живот и беше во автомобилот со своите пријатели.

Лиза ја започна својата кариера како член на R&B групата TLC, а работеше и на соло кариера. Таа го сними албумот „Supernova“, а пред смртта го завршуваше својот втор албум. Таа соработуваше со пејачката Мел Ц на песната „Never be the same again“.

Успешна кариера, бурен приватен живот
Првиот албум на TLC ‘Ooooooohhh … On the TLC Tip’, продаден во шест милиони копии ширум светот, а нивниот втор албум ‘CrazySexyCool’ само го потврди нивниот славен статус.

Бидејќи нејзината кариера тргнуваше по нагорна линија, Лиса во приватниот живот беше во бурна врска со американски фудбалер Андре Рисон. Лиза беше уапсена во 1994 година за палење на неговиот дом.

Поради направените трошоци од инцидентот, ТЛЦ прогласи банкрот во 1995 година. Тие повторно се вратија на музичката сцена во 1999 година со албумот „Fanmail“ кој им донесе Греми во категоријата најдобар R&B албум.

Снимка за моментот на смртта на Лиза и денес постои на ЈуТјуб
Шокантната снимка непосредно пред смртта на 30-годишнaтa пејачka и член на групата r ‘n’ b TLC стигна до “рацете” на продуцентската куќа VH1. Пејачката замислено погледна наоколу неколку моменти пред смртта додека возеше Мицубиши Монтера.

Починала на самото место од удар во главата
Таа држела црвена кутија во рацете додека совозачот ја снимал на патот. Камерата се префрлила на задното седиште и ги „улови“ пријателите на Лиза како пишуваат на телефонот.
Одеднаш се појави вресок. Лиза, наводно, возела со нормална брзина од Ла Цеиба кон Сан Педро Сула, но нагло закочила затоа што сакала да избегне судир со автомобилот пред неа. Митсубишито се преврте и се тркалаше некое време.

Во возилото биле нејзиниот брат и сестра, женската група „Египет“ и двајца производители. Сите биле сериозно повредени, а Лиза почина на лице место од удар во главата.

Најнови вести

Коронавирус