сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 53
home Познати

После разделбата, пејачката нема мир: Мустафа и мести афера на Емина?

После разделбата, пејачката нема мир: Мустафа и мести афера на Емина?

Емина Јаховиќ нема мир откако соопшти дека се разведува од сопругот Мустафа Сандал.

Поп ѕвездата не ни насетувала дека животот ќе и се претвори во вистински пекол. Имено како што се дознава од извори блиски на пејачката, таа минува низ вистинска животна драма. Нејзиниот поранешен сопруг има големо влијание врз медиумите во Турција, кои ја користат секоја можност да го извалкаат угледот на српската ѕвезда.

-После соопштувањето дека се разведуваат, Емина се сврте кон своите обврски околу работата, а секој слободен момент го минува со синовите. Иако остана во добри односи со Мустафа, се чини дека нему воопшто не му е сеедно што пејачката се сврте кон себе. Таа порано водеше сметка за секој детал во домот, беше мајка за пример, а кога била дома постојано готвела и чистела. Никој не би рекол дека тоа е истата жена која на сцена прави хаос и заведува со својот сексапил. Фактот дека Мустафа остана сам во својот дом, нему воопшто не му годи – рекол извор близок на некогашниот пар и додал:

-На Мустафа исто така му пречи што медиумите во Србија толку се занимаваат со Емина и нејзините успеси, како и за наводната врска со Мишковиќ, а никој не го споменува него, како да не ни постоел во нејзиниот живот. Токму поради тоа во Турција се шушка дека Мустафа е главниот виновник поради кој нивните медиуми константно ја прозиваат Емина – додава изворот.

Иако се договориле старателството над децата да биде заедничко, на Мустафа и тоа му пречи, па се обидува да пласира разни приказни низ медиумите во Истанбул.

-Емина наиде на осуда од јавноста во Истанбул, поради фактот дека се развела од Мустафа. За разлика од Емина која не е претерано блиска со медиумите, тој има големо влијание кое го користи за да и наштети. На неа многу тешко и паѓа се што се случува, но не сака тоа да го покаже пред другите- рекол изворот.

После разводот, Мустафа се почесто ги користи социјалните мрежи.

-Сите кои го следат Мустфата на социјалните мрежи изненадени се од фактот дека тој толку го потенцира експонирањето на децата на социјалните мрежи. Иако тоа до сега не го правел, изгледа поочна да ја копира Емина, која отсекогаш сакала да става фотографии од децата. Почнал да ја користи и опцијата Во живо, која ја нуди Инстаграм, како би ги експонирал своите синови и моментите кои ги минува со нив- тврди изворот.

Коронавирус