недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 74
home Познати

После објавата за развод на Емина, потегот на Мустафа ги растажи сите

После објавата за развод на Емина, потегот на Мустафа ги растажи сите

Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал објавија дека ставиле точка на својот брак, меѓутоа нивниот однос после разводот дополнително ги интригира медиумите.

Постојат многу шпекулации околу причината за нивната разделба, но тие се согласни дека нивната љубов се угасила, поради што решиле да стават точка на својот брак. Емина веќе кажа дека најважно и е нејзините деца да не го почувствуваат отсуството на еден од родителите, но тоа веќе се случи во петокот вечерта, бидејќи Мустафа не се појави на роденденот на помладиот син Јавуз.

-Не знам која е причината што тој не беше таму. Постои можноста да имал работни обврски, па не можел да стигне. Искрено се сомневам дека Емина не го викнала, бидејќи тие навистина сакаат нивните деца да растат нормално. Прославата беше во петокот, а Емина се потруди се да биде подредено на малиот Јавуз. Тој наполни 6 години, а се беше во знак на филмските јунаци кои тој ги сака- вели извор и додава детал кој веројатно ќе ги изненади сите.

-Колку и било важно се да биде совршено на прославата покажува и фактот дека Емина сама ја подготвувала храната која се служела. Покрај децата со кои Јавуз се дружи, на роденденот имало и многу возрасни, па пејачката сакала се да и биде таман. Таа еден ден порано ги подготвила солените, но и слатките јадења кои се служени. Сама ја осмислила и темата на роденденот. Секаде во игротеката биле фотографиите на Јавуз, а и на тањирчињата бил неговиот лик.

Коронавирус