среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 148
home Познати

После 22 години брак, се разведува познатиот актер

После 22 години брак, се разведува познатиот актер

Британскиот актер Колин Фирт (59) и неговата сопруга Ливија објавија дека се разведуваат после 22 години брак, соопшти денеска прес-службата на познатата двојка, потврдувајќи ги вестите што се појавија во медиумите пред два дена.

Двојката ќе продолжи да негува пријателство и ќе остане „обединета во љубовта кон своите деца“.

„Тие бараат приватност и нема да коментираат понатаму за разводот“, се вели во изјавата.

Познатиот добитник на Оскар и неговата сопруга, кои живееја во Лондон и Рим, имаат два сина. Фирт од врската со поранешната партнерка Мег Тили има син.