понеделник, 17. февруари 2020. Вести денес: 0
home Познати

Поранешното момче на српската манекенка која почина од рак со пеколна исповед: Кога спиев покрај неа станував за да видам дали диши

Поранешното момче на српската манекенка која почина од рак со пеколна исповед: Кога спиев покрај неа станував за да видам дали диши

Познатата српска манекенка Дијана Милојковиќ неодамна ја загуби битката со ракот и почина на само 33 годишна возраст, а овој пат во реалното шоу „Задруга 3“ нејзиното поранешно момче откри потресни детали од нивната врска.

Имено тој вели дека тие започнале да се гледаат кога таа била веќе болна.

-Се заљубив, а раскинавме поради некои глупости, бевме заедно две години. Четири месеци пред нејзината смрт ние се слушнавме, видов на слики дека не изгледа како што треба, па и пратив порака. Беше добра, но потоа слушнав дека поминува низ пекол, вели Стефан Кариќ.

Додава дека се се случувало околу бројот 22, тој го истетовирал бројот 22, се запознале на 22, она била родена на 22, вели дека тоа е баш катастрофа.

-Ние од толкава љубов ништо не осетивме, не ни размислував дека може да умре. Кога спиев покрај неа станував и гледав дали диши, емотивно раскажа тој.