среда, 23. јуни 2021. Вести денес: 90
home Познати

Поранешното момче на Милица Тодоровиќ крие дека станал татко – кога ќе го дознаете името на бебето сè ќе ви стане јасно

Поранешното момче на Милица Тодоровиќ крие дека станал татко – кога ќе го дознаете името на бебето сè ќе ви стане јасно

Поранешното момче на Милица Тодоровиќ, актерот Петар Стругар стана татко по вторпат.

Имено, Петар добил син со долгогодишна познаничка, пишува блиц.рс, а Стругар ги потврди овие пишувања.

„Да, точно е дека добив уште еден син. Среќен сум и уживам во тоа. Тоа е сè што ќе кажам на оваа тема“, изјави Петар.

Актерот од бракот со колешката Ивана Николиќ има син.

Стругар својата девојка не ја експонира јавно, па затоа за многумина беше изненадување што добил дете.

„Оља и Петар се познаваат долго време. Таа не е од јавниот свет и не сака да се експонира во медиумите. Води мирен живот далеку од очите на јавноста. И годи што Петар е непосреден, духовит, сака спорт, природа и животни, баш како и таа“ вели извор близок до парот.

Потсетуваме, Петар Стругар на јавноста е познат по неговата неколкумесечна врска со пејачката Милица Тодоровиќ.

Инаку тој на синот му го дал името Иво, име што има хебрејско потекло и настанало од хебрејските знаци „Бог е милостив“.

 

 

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија