Поранешното момче на Цеца, Богдан Срејовиќ и неговата сопруга, мисицата Јована Љубисављевиќ денеска станаа родители на нивното прво заедничко дете.
Јована, јавуваат српските медиуми, се породила утриава со царски рез, и на свет донела син на кој парот одлучил да му го даде името Јаков.
– Фала му на Бога, се помина добро. Секако имаше солзи радосници, јас сум најсреќен. Најважно ми е мама и бебе да се добро, се да биде како што треба. Нема поголема среќа од тоа да имаш син, особено што наследникот е роден на овој голем празник, изјавил Богдан за Блиц.
Богдан од претходниот брак има ќерка, а врската со Јована ја започна по разделбата со Цеца.