четврток, 22. август 2019. Вести денес: 77
home Познати

Поранешниот на Розга никако да се одлепи од русокоси: Стјепан во прегратки на Колинда, но фановите се згрозија од тоа како ја нарече (ФОТО)

Поранешниот на Розга никако да се одлепи од русокоси: Стјепан во прегратки на Колинда, но фановите се згрозија од тоа како ја нарече (ФОТО)

Музичарот Стјепан Хаусер, кој кон крајот на минатата година одлучил да се раздели со Лука Шулиќ, го чека уште една напорна турнеја. Тоа ќе бидат последните настапи на 2Cellos пред музичарите да тргнат по свој пат.

Меѓутоа, двајцата се присутни на Инстаграм, каде не им недостасуваат фанови. Така речиси 10.000 луѓе ја лајкнале новата фотографија на Хаусер, на која позира со хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ.

-Хрватската претседателка е секси, во слободен превод од „Croatian President is a hottie“, напишал челистот и ја споделил фотографијата со фановите.

 

View this post on Instagram

 

Croatian President is a hottie ✌️🇭🇷

A post shared by HAUSER (@hausercello) on

Некои му пишале дека веднаш ќе престанат да го следат и дека тоа не му било потребно: „Каков ужас“, „Идиот“, „Хаусер, каде со неа“, „Која е целта да си секси ако си бескорисен“, и „По оваа фотографија, престанувам да те следам…Оваа фотографија не ти беше потребна“.

Секако, имало и многу кои им дале комплименти и се согласиле дека претседателката изгледа одлично. Притоа не заборавиле да го потсетат Хаусер дека и тој е секси.

„Таа е прекрасна жена, некој на кого можеме да се огледаме“, „Сите жени претседателки за мене се најдобри“, „Се селам во Хрватска“, „Многу добра претседателка и одличен уметник, честитки и почит“, се само некои од коментарите.