недела, 20. септември 2020. Вести денес: 37
home Познати

Поранешната сопруга на Трамп, Ивана кажа што мисли за Меланија: Ја опиша со еден збор

Поранешната сопруга на Трамп, Ивана кажа што мисли за Меланија: Ја опиша со еден збор

Ивана Трамп, првата сопруга на американскиот претседател Доналд Трамп, беше гостинка во емисијата „Loose Women“, што се емитува на британската телевизија, и откри детали за нејзината врска со поранешниот сопруг, но и што мисли за Меланија.

71-годишната деловна жена, по потекло од Чешка, призна дека често се слуша со нејзиниот поранешен сопруг, но не разговара со неговата нова сопруга Меланија.

„Директно разговарам со него. Зборуваме за нашите деца, понекогаш за економската состојба, но не е дека јас му давам совети, јас само му кажувам што мислам. Не се мешам во неговиот приватен живот “, рече Ивана.

Таа не беше толку елоквентна за неговата сопруга. На прашањето дали се запознале таа кратко одговори: „Секако дека да“.

Прашањето што следеше беше дали таа смета дека Меланија добро ја работи својата работа како прва дама.

“Не сум сигурна. Таа е многу тивка. Не оди на многу места. Оди само каде што мора. Тивка е “, со двоумење одговори Ивана, која беше во брак со Доналд цели 14 години и му роди три деца

Коронавирус