вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 186
home Познати

Поранешната сопруга на Џеф Безос ги дели парите од разводот: Донирала 4 милијарди долари

Поранешната сопруга на Џеф Безос ги дели парите од разводот: Донирала 4 милијарди долари

Мекензи Скот, поранешната сопруга на најбогатиот човек во светот, Џеф Безос, сопственикот на „Амазон“, објави дека оваа година ќе издвои уште повеќе пари за да им помогне на хуманитарните организации.

Таа за 384 организации ќе издвои неверојатни 4,2 милијарди долари. Ова е само дел од нејзиниот план да донира поголем дел од богатството што го доби по разводот со Безос.

Пред само четири месеци таа веќе донирала 1,7 милијарди долари на 116 хуманитарни организации. Последната рунда на филантропија е три пати поголема.

„Пандемијата лошо се одрази на животот на многу Американци кои и пред неа одвај врзуваа крај со крај“, напишала таа. Мекензи истакнува дека економските загуби и здравствените проблеми најтешко ги погодиле жените, луѓето кои не се од белата раса и сите оние кои живееле во сиромаштија.

– Во исто време, пандемијата го зголеми богатствотот на веќе премногу богатите милијардери – рекла Мекензи.

На списокот на организации кои добиле пари има финансиски институции кои им помагаат на сиромашните, образовни институции за маргинализирани групи, адвокатиските фирми кои се занимаваат со човекови права.

Мекензи Скот посочува дека нејзиниот тим разгледал повеќе од 6.490 организации за да одлучат на кого да донираат.

Во последната рунда донации, Скот му даде 40 милиони долари на универзитетот Морган во Балтимор, што е најголема донација за овој универзитет уште од постоењето.

Најнови вести

Локални избори 2021