петок, 14. мај 2021. Вести денес: 2
home Познати

Поранешната Мис Македонија стана водителка

Поранешната Мис Македонија стана водителка

Поранешната Мис на Македонија, Вера Мештеровиќ станува водителка.

На Инстраграм се пофали дека започнува со сосема нов ангажман.

Гледачите ќе имаат можност да ја гледаат убавата Вера секој ден на Утринската програма на ТВ Канал 5.

-Ве поканувам на заедничко утринско дружење каде ќе споделуваме многу корисни совети, рецепти, информации и секако актуелни теми за кои ќе можете да се јавувате во живо и да го кажете Вашето мислење. Ви посакувам убав ден, секое добро, напиша Мештеровиќ.

Инаку, по десет години заеднички живот, поранешната Мис на Македонија пред 3 години се разведе од нејзиниот сопруг, фудбалерот Игор Кралевски.

Од бракот, Вера и Игор ги имаат двете деца, синот Андреј и ќерката Јована.

Коронавирус