петок, 6. декември 2019. Вести денес: 73
home Познати

Поранешната голманка на Вардар се сврши: Ја побаpа за жена својата девојка (ФОТО)

Поранешната голманка на Вардар се сврши: Ја побаpа за жена својата девојка (ФОТО)

Поранешната голманката на Вардар, Бразилката Маиса Песоа ја побара за жена својата девојка Никита Рамоа.

Таа објави слика од дијамантскиот Cвршенички прстен на Инстаграм и се пофали дека Никита „рекла ДА“. Слика од веридбата на својот инстаграм-профил објави и Никита.

Песоа во последните две сезони е дел од руски Ростов Дон со кој сезонава играше во финалето на Ф4 во Будимпешта во женската Лига на шампионите и е една од најмаркантните ракометарки кои го носеле „црвено-црниот“ дрес.

Во една прилика таа изјави дека шампион не се станува ако ги менуваш тренерите како што се менува времето, но затоа условите кои ги нудеше клубот Вардар не можат да се споредат на ниту едно друго место.

Знаела дека заминува од Вардар моментот кога Дејвис го напуштил женскиот тим, вели Скопје дури сега го запознала вистински. А единствено кога ја зема својата девојка Ники од аеродром имала можност да се увери во силата на својот миленик, автомобил од брендот Мустанг.

Со љубовта на нејзиниот живот се сретнале случајно на Пан-Американските игри, а од 2011 таа е амбасадор на ЛГБТ заедницата на Олимписките игри.

Извор: Скопје24.мк