вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 13
home Познати

Поранешната девојка на Леонардо Дикаприо ќе служи казна во Израел: Манекенката Бар Рафаели обвинета за криење данок!

Поранешната девојка на Леонардо Дикаприо ќе служи казна во Израел: Манекенката Бар Рафаели обвинета за криење данок!

Израелската манекенка Бар Рафаели е прогласена за виновна поради криење на данок и е осудена на голема парична казна, но и девет месеци општествено корисна работа, одлучил во понеделникот судот во Тел Авив.

Рафаели е прогласена за виновна поради поднесување на лажни пријави за приход додека живеела во странство за да избегне плаќање на данок во Израел.

Должна е да плати 2,5 милиони шекели (638 илјади евра) парична казна, да ги плати заостанатите даноци и мора да работи 9 месеци општествено корисна работа одлучил судот.

Израелските граѓани кои живеат во странство не се задолжени да ги пријават своите приходи надвор од земјата. Но, израелските власти ги обвинуваат топ-моделот и нејзината мајка дека пријавиле фиктивно живеалиште во странство за да платат помалку данок во земјата.

Мајката осудена на затворска казна

Нејзината мајка Тзипи Рафаели е осудена на 16 месеци затвор, на 2,5 милиони шекели парична казна и плаќање на заостанатите даноци.

Со пресудата заврши повеќегодишното судење – Бар Рафаели прв пат била уапсена во декември 2015 година.

Израелската манекенка која своевремено беше во врска со актерот Леонардо Дикаприо, предизвика контроверзност кога избегна служење на 2 години задолжителен воен рок така што се венчаше со пријателот на својот татко, а потоа се разведе од него.

Венчани жени и трудници се ослободени од служење на воен рок во Израел.

Бар Рафаели сега е венчана со израелскиот бизнисмен Адиј Езра.

Коронавирус