сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 15
home Познати

Поради оваа фотографија фановите не ја препознаа Билјана Дебарлиева (ФОТО)

Поради оваа фотографија фановите не ја препознаа Билјана Дебарлиева (ФОТО)

Таа важи за една од најубавите ТВ лица, а како минува времето, за водителката Билјана Дебарлиева тоа како да стои во место.

Нежна, сензуална, пријатна за гледање и слушање, таа едноставно е оригинална и единствена како во она што го работи, така и со својата појава.

Ако некогаш негуваше одреден стил од кој не правеше отстапки, изминатите неколку години Билјана е се повеќе храбра за да направи промени кога е во прашање нејзиниот визуелен печат. Овој пат таа на својот Фејсбук профил изненади со фотографија на која е во издание какво не сме ја виделе досега, со младешка фризура од брановидни кадрици – имиџ поради кој собра лавина од коментари кои се нижеа еден до друг.

Едни ја прашаа дали е таа, други и поласкаа дека изгледа 20 години помладо, трети дека е како кукла, а пак сопругот ја спореди со Клаудија Шифер. Едно е јасно, Дебарлиева плени со својата единствена убавина.

Најнови вести

Коронавирус