недела, 15. септември 2019. Вести денес: 77
home Познати

Поради нејзиното ветување кон Том Круз, ја криеше својата врска пет години: Сега веќе не се заедно поради оваа згодна манекенка

Поради нејзиното ветување кон Том Круз, ја криеше својата врска пет години: Сега веќе не се заедно поради оваа згодна манекенка

Актерите Кејти Холмс (40)  и Џејми Фокс (51) се разделија по заеднички 6 години, пренесува „Пипл“. Според нив, двајцата не биле заедно од мај годинава.

Гласината за разделбата на двојката се должи на појавувањето на Џејми во ноќен клуб во друштво на друга жена. Подоцна беше откриено дека таа е млада пејачка, актерка и модел Села Вејв.

Кон крајот на јуни, Села објави фотографија од актерот на својата страница на Инстаграм, придружена со зборовите: „Јас сум многу благодарна на овој човек! Ти благодарам, Џејми, за сè што правиш и што веруваше во мене “.

Ниту Кејти Холмс, ниту Џејми Фокс, не ги коментираа вестите за нивното раздвојување досега. Двајцата беа заедно од 2013 година.

На почетокот на нивната врска, тие не зборуваа за неа и не се појавуваа во јавноста. Причината беше договорот на актерката со нејзиниот поранешен сопруг Том Круз, според кој не смеела да ја покаже својата лична врска 5 години по нивниот развод.

Сепак, во мај годинава, Кејти и Џејми го направија своето деби на Мет Гала за прв пат.

Честопати новинарите велат дека нивната врска е „најдобро чуваната тајна на Холивуд“, и тие, наводно, молчеле не само за да ја чуваат приватноста, туку и поради една од клаузулите за развод на Кејти со Круз.

Да потсетиме, актерката помина низ бурен развод во 2012 година, а во договорот за развод потпиша дека нема да објавува никакви сентиментални односи за период од пет години.