Илон Маск повеќе не е претседател на управата на Тесла. Актерот се спогоди на суд откако беше обвинет за измама поради низа лажни твитови, а мора да плати и вртоглави 20 милиони долари казна.
Маск кон почетокот на август на Твитер напишал дека размислува за повлекување на акциите на Тесла од берзата и дека инвеститорите го поддржуваат тој план, дека финансирањето е осигурено и дека на акционерите ќе им бидат понудени по 420 долари за акција, а ја заокружил цената на тој број бидејќи има посебна симболика во културата на канабисот.
Наводно, Маск сакал да ја импресионира својата девојка Грајмс, со која последните неколку недели е во климави односи, па затоа објавувал лажни твитови.
Тие им признале на новинарите дека започнале врска откако Маск и се јавил на Грајмс бидејќи го надмудрила во една шега за вештачката интелигенција.
Грајмс, чие право име еКлер Бушер е 30-годишна музичарка и концептуален уметник. На музичката сцена се појави во 2012 година, но стекна огромна популарност откако му стана девојка на Илон.
View this post on Instagram