понеделник, 16. септември 2019. Вести денес: 0
home Познати

Популарната пејачка предизвика бура реакции со својата изјава: „Не сакам да спијам во рушевини“

Популарната пејачка предизвика бура реакции со својата изјава: „Не сакам да спијам во рушевини“

Хрватската пејачка Маја Шупут не престанува да ја изненадува јавноста со своите изјави и потези, а во најновото интервју наведе дека за организаторите на своите настапи секогаш има едно посебно барање.

Имено, Маја која настапува ширум Хрватска и регионот, од организаторите секогаш бара да биде сместена во хотел со пет ѕвезди.

-Единствено во договорот мора да има хотел со пет ѕвезди. Повеќе од 250 денови спијам во хотели и ги сметам како свој дом, така што не би било фер да спијам во некои рушевини. Пред се тоа ни приватно не го правам. Приватно се почитувам себеси и си дозволувам да спијам на убави места, па ни работно не би прифатила нешто помалку. Тоа е единственото што го барам – рекла пејачката за хрватскиот ИнМагазин, и со својата изјава „кренала прашина“ во тамошните медиуми.