вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 100
home Познати

Популарната актерка откри како ја изгубила невиноста: Бев силуваната на 16 години, знаеше дека сум невина

Популарната актерка откри како ја изгубила невиноста: Бев силуваната на 16 години, знаеше дека сум невина

Популарната авторка, актерка, модел, чија прва книга за кулинарство „Easy Exotic“ ја освои првата награда „Gourmand Wolrd Cookbook Award“ за Њујорк Тајмс напиша дека ги разбира жените кои молчат со години за сексуалните, а вели и дека самата била силувана на 16 години.

Падма Лакшми вели дека работела во трговски центар во предградието на Лос Анџелес кога запознала 23 годишен маж кој имал слична работа. Била невина, за што тој бил свесен, но после четири месеци врска ја силувал. Тврди дека била уморна, дека не била под дејство на алкохол и дека заспале. Ја разбудило момчето кое пенетрирало во неа.

-Следната работа на која се сеќавам е будење поради прободувачки болки, како нож меѓу нозете. Беше на мене. Го прашав што прави, на што тој одговори дека ќе боли само кратко време. Го молев да престане, викав. Подоцна ми кажа дека мислел дека помалку ќе боли, доколку тоа го  направел додека спијам. Подоцна ме однесе дома, раскажува Лакшми. Како и многу жени таа не се пожалила на никого. Ниту на мајката, ниту на пријателите, а посебно не на полицијата. Се надевала само дека ќе ја заборави таа ноќ.

Таа напоменува дека терминот „date rape“ (силување на излегување) не ни постоел во 80-тите години. Мислела дека луѓето ќе ја критикуваат што излегува со постаро момче и што воопшто прифатила да оди во неговиот стан. Освен тоа, Падма веќе имала негативно искуство со пријавување на сексуални злодела, кога имала седум години ја допирал роднина на нејзиниот очув и кога тоа го пријавила кај својата, ја пратиле една година во Индија да живее со своите баба и дедо.

-Сега 32 години по силувањето, јавно говорам за тоа што ми се случи. Немам што да изгубам говорејќи за тоа. Но, ние сите имаме многу што да изгубиме, ако поставиме временска граница кога ќе го пријавиме силувањето и ако се држиме до „кодот на молчењето“, кој со генерации им дозволува неказнето да ги повредуваат жените. Лакшми на крајот ја споделила статистиката- како денес една од четири девојки и едно од шест момчиња ќе бидат сексуално злоставувани, а да немаат се уште наполнето 18 години.

Падма Лакшми и тоа како се врзува со приказната на Кристин Блејси Форд која ќе се појави пред Одборот за правосудство, како на Сенатот би раскажала како ја нападнал канидатот на Трамп за судија во Врховниот суд, Брет Кавано.

Коронавирус