петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 4
home Познати

„Половина“ убавици на „Мис Глоуб 2019“ Македонки под туѓо знаме, а еве со која титула се закити Кристина Димитриевска (ФОТО)

„Половина“ убавици на „Мис Глоуб 2019“ Македонки под туѓо знаме, а еве со која титула се закити Кристина Димитриевска (ФОТО)

Изминатите неколку дена во домашните медиуми на големо се пишува за учеството на поранешната сопруга на поп-пејачот Даниел Кајмакоски, Кристина Димитриевска на изборот за убавина „Мис Глоуб 2019“, кој вчеравечер се одржа во Улцињ – Црна Гора.

Димитриевска заедно со уште 50 учеснички од светот, три недели престојуваше во Црна Гора, каде сите заедно се подготвуваа за денот кога една од нив ќе биде прогласена за победничка.

Настанот беше емитуван во живо на МРТ 2, но со пренос и коментар само на албански јазик, па македонските гледачи делумно (само преку слика) го проследија и разбраа случувањето!?

фото:фејсбук/мики црнокрак

Претставничката на Македонија се закити со титулата за Мис фотогеничност, награда за која веднаш по прогласувањето се пофали на социјалните мрежи, а во описот на фотографиите напиша дека ја сака својата држава.

Иако на официјалната лента стоеше натписот: Северна Македонија, Кристина неофицијалните фотосесии ги направи со друга лента на себе на која пишува само: Македонија…

Таа исто така не заборави во секоја прилика да го развее и македонското знаме…

… Или пак да го стави на себе или завитка околу себе!

Победничката круна пак, се најде на главата на убавицата на Мексико.

фото:фејсбук/мис глоуб 2019

Но, она што е дискутабилно од овој избор за убавина е тоа што освен Кристина која ја претставуваше Македонија, уште три Македонки беа дел од натпреварот, само беа наши познајмени убавици под туѓо знаме.

фото:инстаграм/мис глоуб 2019

Па така, Стефанија Тиквешанец ја претставуваше Србија, Симона Тодоровска настапи под словенско знаме, додека Ивана Димитрова ја претставуваше Бугарија.

фото:инстаграм/мис глоуб 2019

За македонската убавина се знае и слуша надалеку ама овој пат не толку далечни земји, се решија на позајмица, веројатно „не можејќи“ да најдат убави девојки меѓу своите.

фото:инстаграм/мис глоуб 2019

За тоа дека уште две македонски моделки ќе учествуваат на „Мис Глоуб“ беше откриено деновиве, но веста објавена на еден портал, очигледно некому не му одговарала, па истата беше отстранета од интернет просторот и сега стои како непостоечка информација.

За нештата да бидат уште поинтригантни, освен Ивана и Симона, излезе и дека убавата Стефанија Тиквешанец е уште една наша убавица која учествува под знамето на Србија.

На толку македонска убавина на едно место, иако круната замина кај убавицата на Мексико, доминацијата беше тотално македонска.

Згора на тоа музичкиот дел беше надополнет со настапот на македонскиот пејач Даниел Дан.

фото:мики црнокрак/фејсбук

Инаку, модното студио „Црнокрак“ на чело со Мики Црнокрак, доби благодарница за особен придонес во развојот на „Мис Глоуб“ во последните 23 години преку лиценцата која ја поседува уште од далечната 1996 година.

ИЗВОР: ВИСТИНА.МК

Најнови вести