сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 98
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Познати

Полански номиниран за 12 француски Оскари, жените бесни: „Му укажувате чест на насилник и педофил“

Полански номиниран за 12 француски Оскари, жените бесни: „Му укажувате чест на насилник и педофил“

Активистки од феминистрички кампањи ја обвинија Француската филмска академија дека поддржала насилник и силувач во бегство, откако последниот филм на режисерот Роман Полански е номиниран за 12 Цезар награди.

Полскиот режисер избега од САД во Франција во 1978 година откако призна дека силувал 13 годишно девојче по што се води како бегалец.

Неговиот филм „Офицер и шпион“  е номиниран за 12 Цезар награди – француски пандан на Оскарите, вклучително во категориите најдобар филм и режисер.

Непосредно пред премиерата во ноември минатата година, француската фотографка Валентина Моније, го обвини Полански дека ја силувал во швајцарско ски одморалиште кога имала 18 години.

-Признавањето на неговиот филм е еквивалентно на замолчување на жртвите, истакнуваат од феминистичката група „Осез Ле Феминисиме“.

Коронавирус