недела, 24. септември 2023. Вести денес: 14
home Познати

Пол Мекартни со најпродаван албум во САД по речиси 40 години

Пол Мекартни со најпродаван албум во САД по речиси 40 години

Албумот „Egypt station” (Египетска станица) на Пол Мекартни (76) е најпродаван за минатата недела во САД, и тоа се случува првпат по речиси четири децении, објави музичкото списание „Билборд“.

Ова е 17-тиот соло-албум на сер Пол и има 16 песни. Од неговото издавање на 7 септември годинава, албумот е продаден во 153.000 примероци во САД.

Последен пат поранешниот член на „Битлс” имаше албум број 1 на американската топ-листа пред 36 години.