четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 123
home Познати

Погребан големиот Тозовац: Во вечното почивалиште испратен со звукот на неговите легендарни хитови (ВИДЕО)

Погребан големиот Тозовац: Во вечното почивалиште испратен со звукот на неговите легендарни хитови (ВИДЕО)

Легендарниот српски пејач Предраг Живковиќ Тозовац денеска во 15:05 часот попладнево беше погребан во Алејата на заслужни граѓани на новите гробишта во Белград.

Тозовац во вечното почивалиште беше испратен со звукот од хармониката на Александар Софрониевиќ, додека вопозадина со звукот на виолината идеа неговите хитови „Виолино, не свирај“, а потоа и популарната „Љубави моја, туго“.

Тозовац беше голем навивач на Црвена Звезда, на неговиот погреб му донеле и шал од клубоот.

Раде Вучковиќ, голем пријател на Предраг Живоковиќ Тозовац, одржал говор на погребот, а сите присутни плачеле од неговите зборови. Погребот се емитуваше во живо на „Јутјуб“ каде можеа да го следат бројните обожаватели на Тозовац.

Неговата кума, долгогодишна пријателка и колешка Мерима Његомир исто така, одржа говор на неговото испраќање.

-Ќе ни останат спомените од заедничката работа, патувањата, концертите и бесконечните приказни кои траеја длабоко во ноќта. Најчесто и до раните утрински часови. Тоа беше нашето неповторливо и неповратно време. Без Тозовац, таа волшебна привлечност за дружење ќе го изгуби својот сјај затоа што тој ѝ даваше значење на секоја дружба… Драг мој куме, драг пријателе, драг брате, твојата уметност, беспрекорност, музичка големина, добро срце, ќе останат во нашето сеќавање, рече Мерима.

Коронавирус