четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 64
home Познати

Погребан Дуда Ивковиќ: Цвеќињата потполно го пoкрија гробот, а видена е неверојатно симболика со гулаб (ФОТО+ВИДЕО)

Погребан Дуда Ивковиќ: Цвеќињата потполно го пoкрија гробот, а видена е неверојатно симболика со гулаб (ФОТО+ВИДЕО)

Легендарниот кошаркарски тренер Душан Дуда Ивковиќ е погребан на Новите гробишта во Белград, во семејната гробница. На вечно почивалиште го испратија членовите на семејството, пријателити и голем број на луѓе кои го почитуваат неговиот лик и дело.

Многу великани на кошарката, на кои Дуда им беше кошаркарски татко, дојдоа на великанот да му го кажат последното збогум. Доволно е само да се види кои имиња го носеа неговиот ковчег, тоа најдобро говори за ликот на Дуда. Ковчегот го носеа неговиот кум Жељко Обрадовиќ, Дино Раѓа, Предраг Даниловиќ и Јуре Здовц кој особено беше неутешен и со солзи во очите.

И на останатите им беше тешко да ги задржат солзите, како и на Жељко Обрадовиќ.

Откако ковчегот со телото на Дуда Ивковиќ беше ставен во гробницата, гробот беше покриен со куп цвеќиња високи речиси два метри и од кои гробот беше речиси невидлив.

Сочувство до семејството изрази и претседателот на Националното собрание, Ивица Дачиќ, кој дојде на гробот и изрази сочувство до неговата сопруга и синовите на Дуда Ивковиќ.

Симболично, откако Дуда беше погребан и биле положени цвеќиња на неговиот гроб, гулаб одлетал, а познато е дека Дуда имал голема љубов кон гулабите.

Видеата може да ги погледнете ТУКА.

Локални избори 2021