сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Познати

Погледнете во вилата која Бијонсе и Џеј Зи ја продаваат (ФОТО)

Погледнете во вилата која Бијонсе и Џеј Зи ја продаваат (ФОТО)

Еден од најпознатите музички парови Бијонсе и Џеј Зи открија како изгледа еден од нивните величествени имоти.

Станува збор за барокна вила во најстариот дел на Њу Орлеанс.

Акустиката и енергијата се одлични таму. Гледајќи ги зајдисонцата од таа градина на покривот, напишав некои од моите најдобри песни”, напиша Бијонсе во огласот за продажба на вилата.

Славниот пар ја продава вилата откако таму избувна пожар во јули, за кој полицијата се сомнева дека бил подметнат.

Вредноста на имотот се проценува на четири и пол милиони долари, а пејачката го купила во 2015 година.

Вилата е изградена во 1925 година во шпански барокен стил. Првично била презвитеријанска црква, а потоа и балетско училиште пред да стане луксузен дом.

Имотот е поделен на главна резиденција и три помали станови кои заедно зафаќаат повеќе од 1.000 квадратни метри.

Вилата е украсена со квалитетен паркет, високи тавани има седум луксузни спални соби и осум бањи.

Главната спална сова е посебен апартман во кој се наоѓа голем орман и бања.

Коронавирус