сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 68
home Познати

Погледнете како изгледа празничниот амбиент во домот на Хелена Роза во Нов Зеланд

Погледнете како изгледа празничниот амбиент во домот на Хелена Роза во Нов Зеланд

Некогашната македонска водителка Хелена Роза веќе неколку години живее и работи во Нов Зеланд.

Иако не е активна на ТВ екраните, Хелена е активна на социјалните мрежи каде што постојано објавува и ги известува следбениците за нејзините активности.

Наскоро наближува Нова година, а познатите преку профилите на Инстаграм покажааа како изгледа нивниот дом за престојните празници.

Елена Стефановска, Димитар и Сара, Каролина Гочева, Тамара Тодевска, Лила Филиповска се само некои од нашите јавни личности кои покажаа како го накитиле домот.

Деновиве, на нив им се придружи Хелена Роза која покажа како изгледа новогодишната елка во нејзиниот дом во Нов Зеланд.

На новогодишното дрво може да се забележат лампиони во сива, сина и бела боја, како и сива лента, а на врвот на елката се наоѓа ѕвезда.

Под елката може да се забелажат и украсни ќеси во кои најверојатно има подароци, па дефинитивно, некогашната македонската водителка е подготвена за најлудата ноќ.

Коронавирус