петок, 5. март 2021. Вести денес: 76
home Познати

Почина Зигфрид Фишбахер, познатиот скротувач на животни и магионичар

Почина Зигфрид Фишбахер, познатиот скротувач на животни и магионичар

Зигфрид Фишбахер член на познатиот германско-американски двоец скротувачи на животни и магионичари „Зигфрид и Рој“, почина на 81 година во својот дом во Лас Вегас како последица од рак на панкреас.

Тој почина осум месеци по смртта на својот пријател и долгогодишен соработник Рој Хорн кој почина од Ковид-19.

Двоецот кој е меѓународно познат по работата со големите мачки, со децении изведуваше неверојатни шоѕ програми во Лас Вегас – се додека Хорн не бил тешко повреден во несреќа со фатални последици. Тигар од 380 килограми го гризнал за врат и го одвлекол од сцената за време на претстава. Од гризењето му бил смачкан душникот и останал делумно парализиран.

Рој во едно интервју неколку години по инцидентот изјавил дека ниту една од приказните познати во јавноста не е точна. Истакнал дека на сцената имал мозочен удар и се онесвестил. Во еден момент ги здогледал очите на тигарот, кој го фатил за врат да го одвлече од сцената на негово познато место, а на начин сличен како што тигрите ги носат своите млади во уста. Во тој момент тигарот му ја пресекол една од артериите на вратот. Според докторите, како што изјавил тогаш Рој, доколку тоа не се случело тој ќе бил одамна мртов. Пресекувањето на артеријата го ослободил притисокот создаден од ударот што им дало шанса на докторите да го спасат.

Коронавирус