четврток, 9. јули 2020. Вести денес: 101
МЕГА БОМБА

АУДИО: Заев вели дека се договарал со Мијалков и знаел дека Шилегов бил криминоген

home Познати

Почина уште една естрадна фолк легенда: Овој негов хит го знаат многу генерации

Почина уште една естрадна фолк легенда: Овој негов хит го знаат многу генерации

Почина српскиот фолк пејач од постарата генерација Мирослав Радовановиќ, кој ќе остане вечно запаметен по неговиот голем хит од 1973 година „Ти си жена мог живота“ , кој подоцна стана евергрин, песна која ја пееjа и се’ уште ја пеат многу генерации.

Многу од неговите колеги се збогуваат со фолк легендата преку социјалните мрежи, меѓу кои и познатиот  пејач Мирољуб Брзаковиќ – Брзи, кој во својот пост како последно збогум напишал:

„Замина во вечноста уште еден мој драг колега, а јас имав задоволство да го запознаам и лично, пред неколку години на снимањето на новата програма на ТВ Браничево, ако се сеќавам добро и уште при  првиот контакт со него почувствував дека тој е добар и чесен човек… Остануваат некои песни како оваа што ги снимил во 1973 година, што ќе се пеат додека постојат луѓето и светот“ – напишал Брзи во својот пост.

Парламентарни избори 2020