четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 162
home Познати

Почина уште еден актер: Глумеа во иста серија, починаа двајцата во рок од 3 месеци

Почина уште еден актер: Глумеа во иста серија, починаа двајцата во рок од 3 месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата во серијата „Синови на анархијата“, почина од срцев удар во 49-та година од животот. Неговото тело е пронајдено завчера вечер во домот на неговиот татко во Сан Хозе, Калифорнија.

Актерот е пронајден без свест, а и покрај обиидите на екипата од Итна помош, тој не покажа подобрување и е прогласен за мртов.

Освен во „Синови на анархијата“, Васкез глумеше и во „Како ја запознав мајка ви“, „Итна помош“, „Истрага на местото на злосторството: Њујорк“ и други познати серии и филмови.

Васкез е вториот глумец од оваа серија за само три месеци. Неговиот колега Алан О’Нил почина од труење со алкохол во јули.

Најнови вести

Коронавирус