недела, 24. октомври 2021. Вести денес: 68
home Познати

Почина сопругот на Том Форд

Почина сопругот на Том Форд

На 72 години почина познатиот новирнар, уредник и сопруг на модниот дизајнер Том Форд.

Претставниците на Форд за странските медиуми ја потврдија веста и истакнаа дека Ричард починал во мир во својата куќа во Лос Анџелес покрај Том и нивниот син Џек.

Бакли беше моден новинар кој ја започна својата кариера во списанието Њујорк, а потоа продолжи со публикации во кои беа вклучени Women’s Wear Daily и Vanity Fair. Тој беше уредник на списанието „Мирабела“, соработник на „Вог“, Италија, и главен уредник на „Вог Хомес Интернационал“.

Ричард и Том Форд се запознале во 1986 година на модна ревија. Се венчаа во 2014 година, а во бракот, со помош на сурогат мајка, добија син, Александар Џон Бакли Форд. Во една прилика, тој изјави за странските медиуми дека знае дека ќе го помине остатокот од животот со него штом ќе го запознае.

Локални избори 2021