петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 7
home Познати

Почина синот на холивудскиот актер Роберт Редфорд

Почина синот на холивудскиот актер Роберт Редфорд

Во саботата по тешко боледување од рак на 58 годишна возраст почина Џејмс Редфорд, синот на холивудскиот актер Роберт Редфорт.

-Џејми почина денес. Скршени сме. Тој живееше убав, значаен живот и беше сакан од сите. Многу ќе ни недостасува, напиша неговата сопруга Кајли Редфорд.

Како негова сопруга 32 години, јас сум најмногу благодарна за двете прекрасни деца што ги одгледавме заедно. Не знам што би правиле без нив во текот на изминатите 2 години“, додава таа.

За смртта на Џејмс се огласија и од „Фондацијата за спречување на рак на пожарникарите во Сан Франциско“.

-Џејмс Џејми Редфорд нè напушти по тешкото боледување од рак. Тој беше вистински филантроп, се грижеше за здравјето и безбедноста на пожарникарите и зачувувањето на нашата средина. Џејми веќе го нема, но тој ќе живее со големите дела што ги создаде. Нека почива во мир и семејството Редфорд нека пронајде мир, беше дел од пораката која Фондацијата ја сподели со јавноста.

Редфорд и ко-продуцентот Карен Прицкер неодамна го објавија најновиот документарец во продукција на „KPJR Films“ – „Playing for Keeps: The Upside of Downtime“, за важноста на играта во животот на возрасните.

-Со скршени срца и голема тага ја споделуваме веста за смртта на нашиот драг пријател и колега, Џејми Редфорд. Џејми беше светлината на овој свет кој го искористи своето време и талент да ги подигне социјалните проблеми во прв план преку снимање документарни филмови од светски ранг. Тој им даде глас на маргинализираните проблеми, нудејќи решенија кои ќе даваат надеж и на следните генерации…, беше дел од пораката што ја споделија од „KPJR Films“.

Редфорд се обидуваше да им помогне на луѓето да разберат зошто ние луѓето се однесуваме како што се однесуваме и како можеме да ги решиме нашите најнерешливи проблеми.

Џејми исто така беше ко-основач и претседател на „Redford Center“, чија мисија, според веб-страната на центарот е „да ја искористи моќта на позитивните приказни за да се направат вистински промени, а тој несомнено успеа во таа мисија.

Коронавирус