петок, 7. мај 2021. Вести денес: 0
home Познати

Почина принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета Втора

Почина принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета Втора

Кралското семејство објави дека денеска почина сопругот на кралицата Елизабета Втора, принцот Филип, војводата од Единбург.


-Со длабока тага нејзиното височество кралицата ја објавува смртта на нејзиниот сакан сопруг, неговото кралско височество принцот Филип, војводата од Единбург. Неговото кралско височество почина мирно утрово во замокот Виндзор, се наведува во објавата.

Војводата од Единбург, (99) пред речиси еден месец излезе од болница каде помина исто толку време. Беше хоспитализиран поради инфекција, а имаше и операција на срцето. Во ноември минатата година тие прославија 73 години брак.

Елизабета имала 21 година кога на 20 ноември 1947 година се омажила. На британскиот трон е од 1952 година, најдолго од било кој друг британски монарх. Воедно нејзиниот брак со принцот Филип е најдолг во историјата на британските владетели.

Најнови вести

Коронавирус