Основачот на модната империја „Живанши“, легендата на францускиот и светски дизајн Ибер де Живанши почина на 91 години, потврдено е од модната компанија.
Легендарниот француски дизајнер кој ги осмисли модните стилови на Џеки Кенеди и Одри Хепберм почина на 91 години.
-Со голема тага известуваме дека нѐ напушти Ибер де Живанши, наведува во соопштението партнерот на модниот дизајнер Филип Вејн.
Живанши е роден на 21 февруари 1927 година во семејство на многу уметници. Меѓу останатото, прадедото на Ибер изработувал костими за театар, а некои од неговите модели се во Елисејската палата.
Неговата прва колекција се појавила во 1952 година со заработка од околу милион евра, што му овозможило да отвори сопствена компанија – „ The House of Givenchy“
Освен гардероба, Ибер креираше за својата куќа и парфери и ткаенина за опремување на ентериерите на хотели.
Модниот креатор се повлече од модната индустрија во 1995 година кога за главен дизајнер на куќата „Живанши“ е поставен Џон Галијано.