недела, 27. септември 2020. Вести денес: 69
home Познати

Почина познатиот актер од „Војна на ѕвездите“

Причините за смртта засега не се објавена. Сочувство за смртта на колегата на социјалните мрежи изразија Марк Хамит кој го игра Лук Скајвокер. Според него во филмот Алфи изгледал застрашувачки, но како човек бил добар со хумор на вистински господин.
Почина познатиот актер од „Војна на ѕвездите“

Актер од сагата “Војна на ѕвездите”, чие осмо продолжение оди на екраните во светот, почина на 87 години. Актерот Алфи Кертис, кој пред 40 години одигра мала, но незаборавна улога во првиот филм од сагата “Војна на ѕвездите” – Епизода IV, “Нова надеж”, соопшти The Hollywood Reporter.

Тогаш тој го играше негативецот доктор Корнелиус Евазан против кој имаше издадено смртни казни во 12 ѕвездени системи и беше заглавен со Лук Скајвокер во вселенскиот бар на Мос Ајсли каде синот на Дарт Вејдер и Оби-Ван Кеноби имаат средба со Хан Соло и Чубака.

Интересно е дека Корнелиус Евазан се појавува и во филмот Rogue One, кој не е дел од серијалот, но ги претставува настаните што се случуваа пред Епизода IV.

Таму тој и неговиот пријател Понда Баба се обидуваат да се степаатт со главните ликови Џин и Касиан на пазарот во Џеда, каде што тие го бараат СО Герера.

Касиан се одбива да се занимава со нив и тие на крајот на краиштата избегаа, за да може Евазан да биде убиен во барот малку подоцна. Во Rogue One сепак улогата на докторот негативец ја игра Мајкл Смајли.

Освен во “Војна на ѕвездите”, Алфи Кертис игра и во “Човекот слон”, како и во минисерија “Изгубени империи”.

Коронавирус