петок, 22. јануари 2021. Вести денес: 0
home Познати

Почина познатата актерка

Почина познатата актерка

Светски позната стана со филмот „Нотинг Хил“ (Notting Hill) од 1999 година каде го толкуваше ликот на Хани, ексцентричната сестра на главниот актер Хју Грант, кој го толкуваше ликот на Вилијам Такер.

Британската актерка Ема Чемберс, најпозната по улогата во филмот „Нотинг Хил“, почина на 53-годишна возраст во средата вечерта, објави во саботата нејзиниот филмски агент Џон Грант.

„Со тага соопштуваме за предвремената смрт, која настапи од природни причини“, на познатата актерка Ема Чемберс“, го цитираат агенциите соопштението на Грант во кое се додава дека актерката „на многумина им донесе радост и смеа, одглуми низа дори улоги и многу ќе ни недостига“.

Во Велика Британија популарноста ја стекна во ролјата на Алис Тинер во серијата „Викарот од Дибли“ (The Vicar of Dibley) која се прикажуваше во периодот од 1994 до 2007 година.

Светски позната стана со филмот „Нотинг Хил“ (Notting Hill) од 1999 година каде го толкуваше ликот на Хани, ексцентричната сестра на главниот актер Хју Грант, кој го толкуваше ликот на Вилијам Такер.

Чемберс, родена на 11-ти март во 1964 година во градот Вестклиф-он-Си, во грофовијата Есекс, а во 1998 година ја доби наградата British Comedy Award за најдобра телевизиска актерка кога играше во серијата „Каква ме сакате“ (How Do You Want Me?, 1998/1999).

Коронавирус