среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 214
home Познати

Почина популарниот американски актер Вили Гарсон

Почина популарниот американски актер Вили Гарсон

Американскиот актер Вилијам – Вили Гарсон, познат по улогите во телевизиските серии „Сексот и градот“ (1998-2004) и „Пријатели“ (1994-2004), почина на 57-годишна возраст. Ова го објави неговиот син Нејтан Гарсон на Инстаграм.

„Почивај во мир, тато. Мило ми е што сподели толку патешествија со мене и успеа да постигнеш толку многу“, напиша тој.

Актерот боледуваше од рак на панкреасот.

Tој инаку, имаше улоги и во „Класични злосторства“ и „Да се ​​биде Џон Малкович“ и во околу 170 разни други филмски и ТВ-проекти.

Најнови вести

Локални избори 2021